Објавено на:

(Фото) Репрезентацијата му се распаѓа, а селекторот Милевски – лови риба!

t

Колку што беше фален и славен поради фантастичните резултати остварени со младата репрезентација, Боби Милевски исто толку е напаѓан и критикуван откако стана предводник на сениорскиот национален тим, па не зачудува што летово речиси да немаше ден со информација за негова смена, за тоа дека ФФМ веќе нашла него наследник или за некој фудбалер кој не сака повеќе да игра за жолто-црвените поради недоразбирањата со него.

Тој дојде како наследник на миленикот на јавноста, Игор Ангеловски, кој на Македонија ѝ го донесе историскиот настап на Евро 2020, по што прво продолжи во добар стил и обезбеди бараж за СП 2022, но потоа влезе во серија лоши резултати. Кулминација тоа беше ужасното гостување кај Англија (0-7) и поразот од Украина (2-3) на домашен терен неколку дена претходно и тоа по водство со 2-0. Последен во низата проблеми беше и вчерашното обраќање на капитенот Стефан Ристовски, кој најави заминување во репрезентативна пензија, а како една од причините за тоа ги наведе недоразбирањата и чудниот однос на селекторот Милевски.

И додека јавноста секојдневно го споменува во негативна конотација, селекторот како да е ставен во „лер“ односно како да не се грижи премногу за критиките. Дали е тоа така поради вербата во квалитетот или вербата во чудната и бескомпромисна поддршка што ја добива од раководството на ФФМ, знае тој самиот. А, дека сето ова и не го погодува многу покажува фотографијата која се појави во јавноста, а на која тој – си лови риби.

Извор: sport1.mk
Фото: Офф.нет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…