Објавено на:

Американскиот амбасадор во Белград за посетата на Курти во Тетово: Ќе оставам на вашата фантазија, што луѓето можат да мислат за тој настан

t

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил, накратко ја коментираше посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово, без официјални протоколи, со симболите на „голема Албанија“ и рече дека ставот на САД останува непроменет во однос на ситуацијата на северот на Косово и формирањето на Заедницата на српските општини, пренесува РТС.


Кристофер Хил, пред Палатата Србија, по предавањето на донацијата на српската полиција, беше замолен да ја коментира посетата на Албин Курти на Македонија, како и дали таа го загрозува дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Ќе оставам на вашата фантазија што луѓето можат да мислат за тој настан во Тетово или да прашаат некој друг“, рече Хил за настанот во Тетово што го осудија и Скопје и Белград.

Одговарајќи на прашањето кои ќе бидат следните чекори на американската администрација за да се смири ситуацијата на северот на Косово и да се формира Заедницата на српските општини, Хил рече дека ставот на САД останува непроменет.

„Сите овие прашања треба да се решат преку бриселскиот дијалог, бидејќи тоа е средство за решавање на сите проблеми што се појавија. Се разбира, секој би сакал да се реши што е можно поскоро, а не да се одложува, но останува дека тоа треба да се направи преку дијалог кој е во тек и ќе видиме што ќе се случи во наредните недели“, рече американскиот амбасадор во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…