Левица: Муцунски да го уреди запуштениот простор кај расадникот во Лисиче

t

Партијата Левица го повика градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и општинската администрација заедно со расадникот „Цветан Димов“ да изнајдат решение околу запуштените парцели за да не дојде до несакани последици по животот и здравјето на тамошните жители како и штета по нивниот имот.

Од општинскиот огранок на Левица соопштија дека вчера попладне околу 18 часот во Горно Лисиче кај месноста викана „Бановина“ се појави пожар од поголеми размери кој опасно се приближи кон куќите од ул. Богомилски Поход загрозувајки ги имотите на жителите кои живеат таму.

„Пожарот се појави на парцели на расадникот „Цветан Димов“ кои се целосно запуштени и обраснати со сува трева и трње кои лесно се палат. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа од Автокоманда пожарот беше локализиран и изгаснат. По дојава од жителите од тој реон, на терен излегоа и дел од советниците на Левица во Аеродром. Во разговор со нив им беше предочено дека ова се случува секоја година. Луѓето се плашат дека следниот пат можеби пожарот ќе ги зафати нивните куќи и ќе останат без кров над главата“, соопшти Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…