Зеленски им се заблагодари на Македонија и на Димитар Ковачевски за поддршката!

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер ѝ се заблагодари на Република Македонија, но и на премиерот Ковачевски, за поддршката на Македонија за Украина, конкретно за приклучувањето кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните сили на Украина.

– Благодарен сум на Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина. Вкупно 15 земји веќе се приклучија. Му благодариме на премиерот Димитар Ковачевски за неговите лични напори за зајакнување на партнерството меѓу нашите земји, напиша Зеленски на Твитер.

Во зедничката декларација на лидерите на Г7 се наведува дека од 12 август  ќе започнат преговорите со Кијив за официјализирање на постојаната поддршка на членките на Г7 за Украина и дека тоа ќе вклучува поддршка за понатамошен развој на украинската одбранбена индустрија, обука на украинските сили, размена на разузнавачки информации и поддршка во одбраната на сајбер просторот.

Покрај тоа, членките на Г7 ќе работат на зајакнување на економската стабилност и отпорност на Украина, што вклучува обнова и закрепнување на земјата по агресијата. Истовремено, на Украина ќе и биде овозможена техничка и финансиска поддршка за сегашните потреби, поради руската инвазија, но и ќе и се овозможи да продолжи со спроведувањето на реформите.

Во декларацијата се наведува дека земјите од Г7 ја повикуваат Русија на одговорност и дека воените и другите злосторства не смеат да останат неказнети.

Во согласност со нашите правни системи, рускиот суверен имот под наша јурисдикција ќе остане недвижен додека Русија не ја плати штетата што и ја нанела на Украина, се вели во документот, додавајќи дека е неопходно да се воспостави меѓународен механизам за репарација на штети, загуби или повреди предизвикани од руската агресија.

За возврат, Украина ќе продолжи да спроведува судски, економски, безбедносни реформи, како и реформи во борбата против корупцијата, што ќе покаже дека Киев е посветен на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и слободата на медиумите.

Република Македонија испрати и воена помош за Украина.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, претходно, потврди дека земјава ѝ донирала авиони и тенкови на Украина за да се одбрани од руската инвазија. Од безбедносни причини количините на донираното оружје и опрема не се соопштуваат. Македонија имаше 4 авиони и 31 тенкови. Повеќе земји изразуваат подготвеност да испратат авиони во Украина, но досега официјално никој не испратил таква помош.

Македонија е една од ретките земји која на Украина досега ѝ донираше воени авиони. Ниту една членка на НАТО, барем јавно, не ѝ отстапи на Украина дел од своите борбени летала за да се брани од руската агресија. Македонските власти потврдија дека ги испратиле своите борбени авиони Сухој-25 и непознат број тенкови Т-72 од советско производство.

Македонија имаше четири авиони Су-25 и 31 тенкови Т-72. Борбените авиони Сухои беа купени од Украина во 2001 година.

Испраќањето воена помош за Украина е можеби најдоброто можно решение да се ослободиме од оружјето кое секако треба да се замени поради стандардизација и усогласување со НАТО, оружјето кое ние го поседуваме и го испративме е причично застарено, истакна професорот Оливер Андонов во гостување во емисијата Мрежа на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…