Објавено на:

Партијата на Македонците во Србија бара Македонија да ја преиспита одлуката за признавање на Косово

t

Партијата на Македонците во Србија како реакција на истакнувањето на знаме со Голема Албанија при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово бара преиспитување на одлуката за признавање на Косово од страна на Македонија.

-Одлуката е донесена спротивно на волјата на народот и треба да се распише референдум. Го признавте Косово иако од Косово имавме класичен упад на Косовскиот заштитен корупус и напад на воен конвој од АРМ од страна на косовските сили. За амнестираните терористи има споменици, станаа државни функционери, претседател на Собрание, а се уште се нарекуваат команданти!? А за загинатите припадници на АРМ нема решен статус и обележјата (а не споменици) им се кршат. Во која држава во светото го има тоа, терористи (УЧК е прогласена за терористичка организација) сега да управуваат со државни институции. Поголема штета прават денес што ги рушат институциите, како продолжение на 2001 година, реагира Партијата на Македонците во Србија.

Партијата прашува дали АНБ си ја врши својата работа ако дозволува „низ државата да се шетаат лица со странски знамиња (бугарски и на голема Албанија)“.

Од друга страна, сметаат од Партијата на Македонците во Србија, во земјава се уништени државните институции и направена е нефункционална држава со бработување на нестручни и корумпирани партиски кадри, има огромна корупција за која ништо не се презема.

-Доста беше, разбудете се, не ја уништувајте државата, вие не ја направивте, за неа гинеа многу пред вас, за вие да ја распродавате, апелира Горан Илијевски, претседател на Партијата на Македонците во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…