Русија бомбардираше украинско пристаниште на Дунав
Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер изјави дека руските дронови нападнале два пати а главни цели им биле пристаништата и житарките на југот од регионот. Според украинските власти, жртви нема, но уништени се силоси и магацини во кои биле складирани пченица и сончоглед.
„Руските терористи го нападнаа регионот на Одеса синоќа и тоа два пати со дронови. Главна цел им беше пристаништето и житните култури со кои располага Украина во јужниот регион на Одеса“, напиша Кипер на Телеграм.
Украина има две главни пристаништа на реката Дунав – Рени и Измаил, но украинските власти не соопштија кое од овие две е погодено. Овие две пристаниште се од огромна важност за извозот на пченица откако Русија ги блокираше украинските пристаништа на Црното море и се повлече од договорот со кој се дозволуваше извоз на украинска пченица и жито преку морето.
Украинските власти објавија дека во синоќешниот напад уништиле 13 руски дронови над регионот на Одеса и Миколајев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…