Груби: Треба да ги почитуваме знамето и химната на Македонија, Касами и Ганиу се обидoa да го злоупотребат Курти

t

Градоначалниците на Тетово Билал Касами, и на Чаир, Висар Ганиу, продаваа фолклоризам и провиден патриотизам за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти, истакна денес вицепремиерот Артан Груби при посетата на Општина Гостивар.

Според Груби, Касами и Ганиу се обиделе да го злоупотребат косовскиот премиер Албин Курти. Градоначалниците на Тетово и на Чаир го поканија Курти и ја одржаа агендата само поради политички поени за себе и за партиите, иако посетата на косовскиот премиер е добредојдена, додаде Груби.

Треба да ги почитуваме знамето, химната и законските обврски кои ги имаме. Тој театар кој се приредува е непотребен. Тоа го бараат во недостиг на проекти и иден. Посетата на Курти е добредојдена. Тој често доаѓа. Ова беа локални настани на две општини. Пројдено е времето на фолклоризмот и граѓаните ценат работи, проекти, реализација, а не фолклоризам и провиден патриотизам кој беше промовиран од тие кои го поканија Курти и се обидоа да го злоупотребат за партиска дневна агенда. Очигледно не добија. Се виде дека името на улицата не е сменето од Општината туку од Градот Скопје и Владата. И патот Скопје-Призрен не може тие да го прават туку Владата на РСМ со Владата на Косово“, рече Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…