Објавено на:

Ден-два пред почетокот на специјалната операција Путин имал барање до Лукашенко: “Чувај ми го грбот”

t

Неколку дена или еден ден пред почетокот на специјалната воена операција во Украина, рускиот претседател Владимир Путин побара од својот белоруски колега Александар Лукашенко да му го „чува грбот“ во случај ситуацијата да тргне во несакана насока, објави белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју со украинската новинарка Дијана Панченко.


-Слушај, Саша, знаеш, таква е ситуацијата, ако не дај Боже се случи нешто, дали сме сојузници?“, се присети Лукашенко на зборовите на Путин.

Белорускиот претседател истакна дека позитивно му одговорил на рускиот колега и го потсетил дека имаат „практично обединета армија“. Тој го праша рускиот претседател „што може да се случи?“.
„Се е можно, внимавајте на мојот грб, ве молам“, го цитираше Лукашенко зборовите на Путин.

Според Лукашенко, рускиот претседател „се плашел да не биде прободен во грб од Западот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…