Себастијан Курц обвинет за лажно сведочење пред Парламентот
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење пред Парламентот, соопшти денеска Обвинителството за економски криминал и корупција (WKStA).
Курц и неговиот поранешен шеф на кабинет, Бернхард Бонели, „се обвинети за лажно сведочење пред таканаречениот истражен комитет „Ибица“ на австрискиот Парламент…поврзано со наводната корупција на неговата влада“, соопшти Обвинителството.
Судењето ќе почне на 18 октомври, а доколку биде прогласен за виновен, на Курц му се закануваат три години затвор, соопшти судот во Виена.
Конзервативниот политичар ја напушти функцијата во 2021 година, откако обвинителите почнаа да го испитуваат него и девет други под сомнение за злоупотреба на довербата, корупција и поткуп со различно ниво на вмешаност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…