Левица повторно повикува на прекин на преговорите со Бугарија
Полиитчката партија Левица повторно повикува на прекин на преговорите со Бугарија, откако денеска беше прекината седницата за гласање на уставните измени во Собранието.
-Денешниот неуспешен обид за бугаризација на Уставот потврди дека македонскиот народ е непосредно присутен во Собранието преку пратениците на Левица – присуство кое го смени текот на историјата и за прв пат успешно се спречи обидот за ново национално предавство преку менување на Уставот!
Низ целиот процес, во изминатите година дена, Левица го одржа народниот ГНЕВ, преку пораките кои беа испратени на минатогодишните протести против т.н. Француски предлог и успеа да го наметне притисокот врз опозицијата, која во неколку наврати ретерираше од своите позиции.
И на денешната собраниска седница, не изостанаа скандалозните повици на ИСТРОШЕНИ политичари од албанскиот политички блок, кои отворено се заканија дека доколку не поминат уставните измени – таканаречени албански општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ?! Овие празни закани на ретроградни партии кои немаат што да понудат, освен етношовинистички изблици, веќе не поминуваат кај македонскиот народ – кој покажа дека идеалите на АСНОМ за македонската државотворност сѐ уште живеат во духот на Македонецот!
Левица упатува порака до овие политички субјекти дека соживотот единствено може да се гради преку заедничката АНТИФАШИСТИЧКА историја на македонскиот народ со останатите етникуми, а не преку необалистички повици и празни уцени и закани.
Левица останува единствена парламентарна партија која повикува на целосен ПРЕКИН на преговорите со Бугарија, затоа што патот кон ЕУ единствено може да води преку Копенхашките критериуми – а не преку врховистичките апетити на Софија!
Борбата продолжува!
Смрт на фашизмот и врховизмот – Слобода на народот!
#НеЗаУставниИзмени – напишаа од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…