Град Скопје: И оваа сабота бесплатно кино на отворено и музичка забава во Градскиот парк

t

Градот Скопје Ве поканува на ново бесплатно филмско-музичко дружење закажано за утре (19.08.2023 година, сабота) во 20:30 часот, на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк.

Забавната програма почнува во 20:30 часот со проекцијата на филмот „Хомо“ („Only human“) во режија на Игор Иванов.

Потоа следува музичкиот дел со настапите на Мирко Попов од 22 часот и сетот на Виолета Качакова од 23:30 часот.

Ова филмско-музичко дружење за првпат се одржа минатата сабота во организација на Град Скопје, МКЦ и Универзална сала, а по повод Меѓународниот ден на младите и ќе продолжи да се организира секоја сабота до средината на септември. Посетителите ќе имаат одлична можност за дружење на отворено и забава во топлите летни вечери во омилената дестинација за скопјани, Градскиот парк.

Настанот е збогатување на културната понуда на Градот Скопје за своите граѓани и за сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…