Медицинска сестра во Британија обвинета за убиство на седум бебиња
Медицинска сестра од одделот за неонатологија во британска болница е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест, пренесуваат странските медиуми.
Луси Летби (33) е обвинета за убиство на пет машки и две женски новороденчиња, како и пет обиди за убиства на машки бебиња и пет обиди за убиства на девојчиња помеѓу 2015 и 2016 година кога работела во болницата во Честер во Северна Западна Англија.
Таа беше обвинета за намерно повредување на новородените бебиња на различни начини, вклучително и вбризгување воздух во нивните крвотоци и внесување воздух или млеко во нивниот стомак преку цевките што одат од носот до желудникот.
Летби се изјасни дека не е виновна за ниту едно од обвиненијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот случајно…
Девојка (19) е ранета денес во пукотница…