Објавено на:

Митровиќ им се придружи на Нејмар и Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал

t

Српската ѕвезда Александар Митровиќ е нов фудбалер на саудиски Ал Хилал и му се придружува на Нејмар во нападот на овој клуб, откако досегашниот центарфор на Фулам кој сѐ имаше договорено, конечно доби зелено светло од лондончани за трансфер.

Митровиќ со Ал Хилал потпиша до 2026 година, нешто што беше договорено уште пред неколку недели, но трансферот беше запрен зашто Саудијците не можеа да најдат заеднички јазик со Фулам, но сега сѐ е завршено и Србинот оди на арапскиот полуостров за нешто повеќе од 50 милиони евра.

Целата документација според информациите денеска е прегледана и Митровиќ има закажан лет вечерва за Саудиска Арабија, откако прво во Париз ќе ги мине лекарските прегледи. Поради трансферот, тој воопшто не беше во конкуренција за настап денеска за Фулам, откако даде победнички гол на отворањето на новата сезона минатата недела.

Во Ал Хилал освен Нејмар и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, дојдоа и Калиду Кулибали, Рубен Невеш и Малколм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…