Процесот на уставни измени започна успешно, ДПМНЕ остави простор за преговори

t

Премиерот Димитар Ковачевски во текот на утрешниот ден ќе се сретне со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен во Грција, каде ќе ја информира од прва рака за процесот на уставни измени во Македонија, откри Ковачевски во гостување во дневникот на Сител.

-Процесот започна, започна со 70 гласа ЗА изгласување на дневниот ред, во моментов има 73 пратеници и стана многу јасно дека СДСМ и коалицијата се ЗА продолжвање на европската интеграција на Македонија. Опозицијата го блокира европскиот пат, ние веќе поминавме успешен процес на уставни измени и пред зачленувањето во НАТО, денес сите сме горди што сме членка на НАТО и убеден сум дека нашето Собрание има капацитет да донесе уште една голема и стратешка одлука за државата и да го почнеме отворањето на кластерите и до 2030 година државата да стане членка на ЕУ бидејќи друга алтернатива, вели премиерот.

Според Ковачевски и Изет Меџити и Диме Велковски, пратеникот на СДСМ кој не беше присутен на претходната седница, ќе гласаат за уставните измени.

– Вие знаете дека ова е прашање од стратешки интерес за Македонија и ЕУ. Тука беше сенаторот Марфи, имав средба со Блинкен и претседателот на ЕК и Европскиот Совет, голем број претседатели и премиери имаа говори во нашето Собрание, се рбаоти за заеднички стратешки интерес и првпат досега се случува ветото за нашата држава да не доаѓа од надвор туку од внатре од истите луѓе од кои секогаш имало блокади.

Ова е почеток на процесот, јас би рекол успешен почеток на процесот, интересно е што ВМРО-ДПМНЕ реши да не определи свој пратеник да ги изнесе своите ставови туку ставовите ги изнесе независен пратеник и тоа остава простор да се разговара со нив и да се убедат да се поддржи оваа одлука. Сега може да се одржи втората меѓувладина седница, пред изборите во ЕУ следната година што ќе ги усложни работите.

Кога ќе се отворат кластерите почнува процесот за сериозни реформи, јас го чекам денот кога од ЕУ ќе дојдат извештаи за сите кластери, тогаш веќе ќе нема изговори.

80% од граѓаните се за Европска Унија, 80% порано беа против Охридскиот рамковен договор, без тој договор државата денеска ниту ќе беше стабилна, ниту членка на НАТО, тој договор го чува мирот. Нели беа против Преспанскот договор ВМРО-ДПМНЕ, гледам сега не го спомнуваат, вели Ковачевски кој смета дека ВМРО-ДПМНЕ и овојпат ќе го промени речникот.

-Порано беше грчки диктат, сега бугарски диктат, па зборуваа за бугаризација, асимилација, па сега не ги користат тие зборови. Стана јасно дека идентитетот е заштитен, македонскиот јазик е во ЕУ, ние сме таму заштитени.

Процесот започна успешно, ова е во интерес на граѓаните, тие заслужуваат да живеат во земја-членка на ЕУ.

Ниту еден човек не се родил да биде премиер, да бидеш премиер е голема чест и одговорност, да живеат граѓаните подобро и да бидеш искрен со нив, јас во образложението на уставните измени бев многу искрен. Кажав дека ако ВМРО-ДПМНЕ сакаат да станат дел од владата, ќе добијат половина од нашите места, ДУИ поднесоа оставки, другите албански партии исто се повлекуваат, ќе бидеме дел од процесот, ќе ги завршиме измените, ќе почнеме да отвораме кластери и ќе затвориме еден или два, па да одиме на избори, вели Ковачевски кој смета дека државата не заслужува да биде заложник поединци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…