Ѓоковиќ го победи Алкараз па ја искина маичката: “Никогаш не се сомневав!”
Новак Ѓоковиќ по маратонска битка успеа да го совлада Карлос Алкараз со 5:7, 7:6, 7:6, а по третата титула во Синсинати изјави дека поради ваквите натпревари продолжува да игра тенис, а дека никогаш не се сомневал во своите можности и покрај годините на кои му пркоси. Ѓоковиќ има 36 години.
– „Не знам што можам да кажам. Тешко е да се опише со зборови. Еден од најтешките натпревари што сум ги одиграл во животот. Не е важно турнирот, категоријата, противникот, исходот. Неверојатно, од почеток до крај. И двајцата поминавме низ толку многу подеми и падови. Кревање, враќање, лоши поени, добри поени… Дефинитивно еден од највозбудливите натпревари во целата моја кариера. Затоа продолжувам да играм тенис, многу сум горд. Никогаш не се сомневав дека можам да испорачам ваква игра кога е најважно. Воодушевен сум“, беа првите зборови на Ѓоковиќ откако го искина дресот.
На прашањето што мисли за Карлос Алкараз, со кој дефинитивно има големо ривалство, што се потврди по финалето на Вимблдон и дуелот на Ролан Гарос, српскиот и светски тениски ас одговори:
„Нема што да се каже, секој што го гледаше овој дуел можеше да види дека ривалството станува се поголемо и подобро. Тој е неверојатен играч. Почит кон него. Тој е толку млад, а сепак покажува толку многу храброст во најтешките моменти. Импресивно“, заклучи Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…