Харадинај го обвини Курти дека создава паралелен систем во државата
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, посочи дека премиерот на Косово, Албин Курти е единствениот премиер кој нема доверба во системот на сопствената земја, туку создава паралелен систем.
Харадинај на Фејсбук напиша дека Курти вработува луѓе кои се надвор од институциите дури и за најчувствителните владини операции, кои влијаат и на националната безбедност.
„Но, тоа се луѓе кои се доволни за да му бидат слуги, како што беше случајот со Ридван Мухарем. Тоа се кратките врски на преземање на државата со бескрупулозните пријатели, поради кои алармирав пред една година, врски што излегуваат се повеќе и повеќе секој ден виде“, напиша Харадинај.
Ридван Мухареми е уапсен во петокот заедно со двајца функционери на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија под сомнение за корупција и дека учествувале во скандалот со „житото“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…
Косово прогласи српска министерка за персона нон…
Министерката за државна управа и локална самоуправа…