Објавено на:

Ердоган планира средба со Путин

t

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во услови на згуснат распоред, следниот месец, доколку добие шанса, би можел да разговара лице в лице со неговиот руски колега за договорот за извоз на жито преку Црното Море.

„Во септември, има состанок на Г-20 во Индија и Генералното собрание на ОН во САД. Ако најдеме можност со оваа набиена агенда, ќе се сретнеме и ќе разговараме со (Владимир) Путин лице в лице“, им рече Ердоган на новинарите, пренесува Анадолија.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан може наскоро да ја посети Русија за да разговара лично, дополни Ердоган, додавајќи дека тоа може да даде подобри резултати.

За можните руско-украински мировни преговори, Ердоган изрази надеж дека ќе има резултати доколку и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се договорат за турско посредување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…

Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…

Ердоган го покани Трамп да ја посети…

Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…