Жител на прилепско си испукал куршум во нога при семејна веселба
На 20.08.2023 во 17.59 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Ф.(54) од с.Дебреште, прилепско.
-Полициски службеници извршиле службен разговор со лицето, при што било констатирано дека околу 17.30 часот во с.Дебреште, при семејна веселба, Ш.Ф. од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух. Потоа додека се превезувал со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки испукал еден куршум во неговото десно стапало, информира МВР.
Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…