(Видео) Пригожин: Ние сме ноќна мора на ИСИС
Основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, го објави првото видео по неуспешниот бунт на неговите сили во Русија, за кој се верува дека е во Африка.
Во моментов не е можно да се утврди каде е снимен видео материјалот, јавува Би-Би-Си. Пригожин вели дека неговата група прави се за да ја направи Африка послободна.
Видеото објавено на каналите Телеграм поврзани со платеничката група Вагнер го прикажува Пригожин во борбена опрема, велејќи дека групата ја прави Африка „послободна“.
Во видеото, во кое Пригожин се појавува во маскирна униформа држејќи пушка, шефот на Вагнер вели дека групата истражува за минерали, како и се бори против исламистичките милитанти и други криминалци.
„Ние работиме. Температурата е плус 50 – сè што сакаме. ПВК Вагнер спроведува операции за извидување и пребарување, ја прави Русија уште поголема на сите континенти, а Африка уште послободна. Правда и среќа за африканскиот народ, ние сме ноќна мора за ИСИС (Исламска држава) и Ал Каеда и други бандити“, вели Пригожин во видеото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран егзекутира деветмина членови на ИСИС виновни…
Иран егзекутираше девет членови на таканаречената Исламска…
Албанец од Косово осуден за членство во…
Министерството за правда на Соединетите Американски Држави…
ОЈОГОКК: Откриени уште четири лица дел од…
Во рамките на континуираните активности што започнаа…
(Видео) Тошковски со детали за трите акции…
Во изминатите денови МВР во координација со…
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…