Британски историчар од Оксфорд ги наведува Македонците и Бугарите како посебни народи уште од 11 век – Византија и Бугарија не беа национални држави!

t

ОКСФОРД: ВИЗАНТИЈА И БУГАРИЈА НЕ БЕА НАЦИОНАЛНИ ДРЖАВИ – 1910 г.

Британскиот историчар од Оксфорд, Фредерик Басел, во својата книга од 1910 година укажува на фактот дека Источното Римско Царство (подоцна наречено Византија) и средновековна Бугарија — не се национални држави. Басел укажува и дека тој факт претходно бил споменат од еден друг британски историчар, Џорџ Финли.

– „И двете, византиската и бугарската монархија, беа власт без нација, според добро срочената фраза на Финли“, пишува Басел.

Покрај овој факт, Басел ги наведува Македонците и Бугарите како засебни народи во дискусија за настаните во 11 век.

Една од главните пропагандни точки на рускиот проект за воспоставување на соврмената држава-нација Бугарија во 19. век, е романтичарското тврдење на новосоздадените Бугари дека тие имале „свои цареви“.

Иако тоа тврдење може да се сретне и кај Отец Пајсиј Хилендерски, кој што исто така покажал романтичен занес зачинет со многу историски измислици, подоцнежната пропагандна верзија на тврдењето цели да воспостави барем привиден, но секако непостоечки, државен континуитет и преку тоа да го зајакне ново-создадениот бугарски национален идентитет.

Меѓутоа, тврдењето е претставено како да се работи за некакви демократски монархии и владетели, нешто што наводно е органски нивно, национално, иако такво нешто не постои во реалноста.

-> Бугарија била туркски хаганат т.е., квази-држава на едно инородно и иноверно азијатско бугарско племе предводено од хан.

-> Втората средновековна држава Бугарија била претежно владеење на куманско-влашка династија.

-> Современата држава Бугарија, пак, е руски проект воспоставен врз словенска основа за руски геополитички потреби. На последнава и биле наметнати кнезови и „царoви“ од доминантната владеачка англо-саксонската династија за да ги спроведува нивните интереси.

Тврдењето дека денешните Бугари имале „свои цареви“, директно е побиено и од Оксфорд и потврдува дека средновековната бугарската држава не била национална.

ИЗВОР: F.W. Bussell, “The Roman Empire: Essays on the Constitutional History from the Accession of Domitian (81 A.D.) to the Retirement of Nicephorus III (1081 A.D.),” Longmans, Green and Co., 39 Paternoster Row, London, New York, Bombay and Calcutta, 1910, pgs. 303, 341.

* Фредерерик Вилијам Басел (1862 – 1944) е британски историчар, мислител и теолог. Работел како продекан, вонреден професор и тутор на Бреизноус колеџот во Оксфорд. Меѓу мноштвото негови трудoви се: „Истражување на монархистичките институции од најраните времиња“, „Марк Аурелиј и подоцнежните Стоици“, „Школата на Платон: Нејзиното потекло, развој и заживување во Римската империја“, итн. —-/

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…