Миовски: Секој сака да оди повисоко во животот, но моментно фокусот ми е само – Абердин!
Додека не заврши летниот преоден рок, без одглед на сите уверувања од раководството на Абердин за навивачите дека македонската деветка Бојан Миовски останува, ќе постои страв дека во „пет до 12“ може да се случи негово заминување ако дојде – понуда што не се одбива.
Миовски за само една сезона откако дојде од МТК Будимпешта за 625.000 евра ги собра симпатиите на навивачите и стана еден од клучните играчи со 18-те гола во минатата сезона, третото место и обезбедената Европа, па сега само прашање е каде ќе игра славниот шкотски клуб – во Лига Европа или во Конференциска лига.
Миовски моментно вреди најмалку петпати повеќе според проценките во Шкотска, од Абердин веќе објавија дека имале низа понуди за трансфер кои ги одбиле, но ставот на Миовски да остане најверојатно ќе го избрише стравот на навивачите дека ќе го загубат Македонецот.
„Ако играте добро, ако имате успеси, ако давате голови – јасно е дека тимовите ќе ве сакаат. Но, јас во Абердин имам уште три години од договорот. Секој сака да оди повисоко во животот, па ќе видиме. Сепак, во моментов сиот фокус ми е само на Абердин. Европските мечеви ќе бидат добри, така да јас сакам да останам и да играм. Првпат ќе играм Европа и тоа ми беше еден од плановите кога доаѓав. Првпат стигнав до трето место, давав голови и среќен сум, среќен сум што ги радувам навивачите“, рече Миовски.
Противник на Абердин за пласман во Лига Европа е шведски Хакен, а ако го минат клубот ќе играат групи во второто по ранг натпреварување. Ако загубат, имаат сигурна групна фаза во Конференциската лига.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…