Димитриевски помогна за нова историја на Рајо – првпат две чисти мрежи на старт на сезона
Македонската „единица“ Столе Димитриевски се запиша во историјата на Рајо Валјекано откако првпат се случи малиот мадридски клуб да почне сезона во шпанската Ла Лига без примен гол во два меча.
Димитриевски има две чисти мрежи од двете воведни средби и тоа од две гостувања, па македонскиот репрезентативец напиша нова историја, зашто лани исто така испиша историја како прв голман кој успеал на три меча по ред со Барселона, од кои две на „Камп Ноу“ да остане несовладан.
Димитриевски веќе пет години е дел од мадридскиот клуб, а се поврзуваше со трансфери и во Барса и во Реал Мадрид, но тој веќе неколкупати за шпанските медиуми потенцираше дека ако Рајо посака би потпишал и доживотен договор со клубот од Валјекас.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…