Данска почна обука на осум украински пилоти за ловците Ф-16
Данска почна со обука на осум украински пилоти за управување со борбените авиони Ф-16, во рамките на нејзината посветеност да донира авиони на Украина, објавија данските вооружени сили.
Данска и Холандија во неделата ветија дека ќе ѝ донираат борбени авиони Ф-16 на Украина, со што ја исполнија долгогодишната желба на Украина, што би можело да и помогне на земјата да ја зајакне својата воздушна одбрана и противофанзивата против руската армија.
Осум украински пилоти пристигнаа во данската воена воздухопловна база во Скридструп, заедно со 65 членови на персоналот кои ќе бидат обучени за одржување и сервисирање на авиони, објавија данските вооружени сили.
Данска ќе и испорача на Украина 19 авиони Ф-16, а првите шест ќе пристигнат во земјата околу Нова година.
На обуката ќе учествува и Грција, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Холандија, која има 42 борбени авиони Ф-16, допрва треба да одлучи колку авиони ќе и испорача на Украина.
Данска во моментов располага со 43 авиони Ф-16, но од безбедносни причини не открива колку се активни, се наведува во денешното соопштение на данските вооружени сили. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Нов топлотен бран – температурите до 40…
Од утре нашата земја повторно влегува под…
Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…
Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…