Предлог-законот за образование на возрасни е аматерски предлог на министерот Шаќири

t

Предлог-законот за образование на возрасни е аматерски предлог на министерот Шаќири, велат од политичката партија Левица.

-Последниот предлог од Владата на СДСМ-ДУИ и Министерството за образование и наука за (нов) Закон за образование на возрасни е еклатантен пример на неодговорно работење и аматеризам во државните институции.

Наместо да гради сеопфатен образовен систем со закони кои ќе го издржат тестот на времето, МОН по којзнае кој пат прави законски крпеници и површински козметички интервенции, што задираат само фрагмент од образовниот систем.

Најновиот предлог за Закон за образование на возрасни е само скромна додавка на актуелниот закон, а не нова подобрена верзија на законот, и се однесува само на неформално образование и учење и нивна валидација, под изговор дека неформалното учење не било присутно во законот што сега е на сила.

Голем дел сегменти од образованието на возрасните не се опфатени ниту во тековниот, ниту во предлог-законот, како на пример, регистар на сертификати, јасна диференцијација на надлежности помеѓу институциите, контрола на квалитетот (не во облик на обичен површен надзор каков што е предвиден) итн.

Целта на предлогот била усогласување со препораките на ЕУ од 2012-та година, но никаде нема корелација со препораките и резултатите на проектите финансирани од истата ЕУ. Овие проекти и резултати се стратешки, како на пример, Национална стратегија за доживотно учење, Стратегијата за образование на возрасни и се создадени од и со помош на меѓународни експерти со светско реноме. Наместо тоа, имаме ЛОШ предлог-закон од општи надлежности и нивно дуплирање во бирократскиот апарат, кој го игнорира немањето ред во издавањето сертификати – преку основање единствен регистер.

Аматеризмот и неодговорноста на приредувачите на овој Предлог- закон одат до тој степен, што наведуваат тестови по англиски јазик како критериуми за избор на раководни позиции какви што веќе не постојат, односно кои што се повлечени од меѓународна употреба! Оттука, овој Предлог- закон е на ниво на прирачник за спроведување и верификација на неформалното учење, а никако не може да се нарече Закон за образование на возрасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците на Левица и во овој мандат…

- 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар, велат од Левица. -…

Мециновиќ: НЕ за патни трошоци, средствата да…

- Јас ќе бидам искрен, можеби е…

(Видео) Мециновиќ: Ние сме за протекционистичка економија,…

Левица е за протекционистичка економија, вели во…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да…

ВМРО-ДПМНЕ го пирзнава Преспанскиот договор и само…