Објавено на:

(Вознемирувачко фото) Рано утринава почна вадењето на телата на загинатите во падот на авионот на Пригожин

t

Рано утринава почна вадењето на телата на загинатите во падот на авионот на Пригожин.

Медиумските агенции објавија нови фотографии од местото на инцидентот.

Како што можете да видите на сликите, специјалните руски служби почнаа да ги отстрануваат телата на загинатите во авионската несреќа, во која загина шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, како и неговиот прв заменик.

Засега нема потврда дали авионот паднал поради дефект, или пак е соборен од противвоздушни ракети, како што се почесто се шпекулира во медиумите.

Американскиот ISW тврди дека Пригожин бил убиен поради неговата самоиницијативна мисија во Африка, само неколку месеци откако бил фатен за бунт во Русија.

Пригожин долго време важеше за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Тој ги водеше операциите од Африка, Сирија до Украина. Сепак, познавачите на состојбите истакнуваат дека парите и моќта што ги добил му ги отвориле апетитите, поради што дошол во конфликт со Кремљ.

Членови на Вагнер објавија видео порака во која најавија одредени одговори. Според пишувањата на медиумите, камповите на Вагнер во Белорусија се празнат, а се шпекулира дека би можеле да се упатат кон Русија, и нов марш кон Москва.

Судбината на Вагнер останува нерешена. По бунтот, многумина потпишаа договори со руското Министерство за одбрана, но повеќето од воената формација решија да се засолнат во Белорусија. Нивната евентуална нова авантура може да доведе до конфликт во самата Русија, доколку се обидат да се одмаздат на својот поранешен шеф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ