Високи температури до крај на август, најтопло во недела и понеделник
И во наредните денови ќе биде многу топло со високи температури. На крајот на август температурите ќе се искачат и до 38 степен.
-Претежно сончево и многу топло време ќе биде и следните денови. Ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.
Како што соопшти УХМР, најтопло ќе биде в недела и в понеделник, со максимална температура од 32 до 38 степени.
Во следните три дена ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 7, односно 8. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град, информира УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…