Објавено на:

Ужас во Осло: Двајца професори прободени со нож, уапсен студент

t

Двајца професори се прободени со нож денеска во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот.

Околностите и причините за нападот се уште се нејасни.

„По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата „ја презеде контролата над насилникот и двете жртви. Веројатно се работи за професорите и нивните студенти“, изјави шефот на операцијата Кристијан Бјоерберг на прес-конференција.

На местото на настанот се запленети два ножа.

Раководителот на Итната медицинска помош изјави дека едниот повреден е во „критична состојба“ и дека е примен во болница. Другиот е полесно повреден.

Инцидентот, кој е многу редок во Норвешка, се случил во зградата на Институтот за труд, кој е во рамки на Универзитетот во Осло. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…

Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…