Жена почина по вадење на заб, медицинската сестра имала завршено за кројачка
Пациентка почина по вадење на заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор му е одреден на стоматолог од приватната ординација која го извршила зафатот, додека на неговата медицинска сестра од Малишево ѝ е одреден куќен притвор од еден месец, јавува Н1.
Стоматологот е осомничен за несовесно лечење и незаконско вршење на медицина, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицина и посебни случаи на фалсификување исправа. Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги.
Во ординацијата пронајдени се 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на Средното медицинско училиште и на Медицинскиот факултет.
За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентката починала во дворот од ординацијата по вадењето на забот, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија што ја користел стоматологот при самото вадење, јавува Н1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…