Пентагон: НЕМА ИНФОРМАЦИИ дека авионот на Пригожин е погоден со ракета
По авионската несреќа во која беа лидерите на Вагнер, Евгениј Пригожин и неговата десна рака Дмитриј Уткин, се појавуваат многу недоумици и детали.
Според официјалните информации, и Кремљ и групата Вагнер потврдиле дека во авионот во кој имало 10 лица се наоѓал Пригожин, а официјална Москва покренала истрага за падот на леталото, во чија веродостојност многу се сомневаат.
Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, денеска објави дека САД немаат индикации дека авионот на Евгениј Пригожин бил соборен со проектили земја-воздух.
„Оценуваме дека таквите информации се неточни“, рекол Рајдер и додал дека Пентагон верува дека Пригожин е мртов, но дека тоа се уште не е потврдено, пренесува Ројтерс
„Јасно е дека знаеме дека групата Вагнер има многу пипала, некои од воена природа, некои од криминална природа во Африка. Мислам дека никој нема да ја намали опасноста од таа група или нејзините остатоци“, рече Рајдер.
Тој посочи дека американските претставници ќе продолжат да ги следат активностите на „Вагнер“ во Африка.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно им изрази сочувство на семејствата на загинатите во авионската несреќа, во која покрај Пригожин, наводно, загинаа уште девет лица.
„Пригожин беше човек со сложена судбина, но талентиран“, рече Путин на средбата со вршителот на должноста лидер на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин, и додаде дека групата „Вагнер“ дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…