ЌЕ СЕ СНИМА СПОТ: Посебен режим на сообраќај на Илинденска меѓу недела и понеделник

t

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје.

Во периодот од 23 часот на 27 август до 06 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде булевар Илинден, на потегот од крстосница со булевар Св. Климент Охридски до улицата Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран лансираше противбродски балистички ракети од југот…

Иран вечерва лансираше противбродски балистички ракети од…

Ирански медиуми неколку часа пред инцидентот предупредиле…

Само неколку часа пред денешниот сериозен авијациски…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Хоџа: Безбедноста на животната средина бара силни…

Министерот за животна средина и просторно планирање,…

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…

Во однос на поканата на Каракачанов до…