Маж ги убил сопругата и нејзината мајка, па си пресудил на себе: Семејна драма во Куманово
Четириесет и шестгодишен кумановец ги убил сопругата и нејзината мајка по што се самоубил. Од полицијата информираат дека случајот е пријавен околу 14:25 часот.
Денеска околу 14:25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, каде починал“, соопшти полицијата.
Јавен обвинител и екипа на СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…