Објавено на:

Легендарниот Никола Карабатиќ оди во пензија идното лето!

t

Француската легенда Никола Карабатиќ, еден од најдобрите ракометари на сите времиња и повеќекратен освојувач на европски, светски и олимписки злата, објави крај на својата пребогата кариера за една година, на лето 2024 година.

Карабатиќ кој наскоро ќе наполни 40 години, најави дека оваа сезона која ќе почне идниот месец ќе биде последна во неговата кариера, а вкупно 22-ра. Последен негов турнир ќе бидат Летните Олимписки игри во Париз идната година.

„Животот некогаш ви дава преубави подароци. Да завршам таму каде што сѐ почна. Денеска ја почнувам својата 22-ра сезона, последна во кариерата, во дресот на Пари Сен Жермен, клуб кој толку многу ми значи. Во текот на сиве овие години, го дадов и срцето и душата за овој спорт кој толку го сакам и кој го почитувам повеќе од сѐ. Јас својот мозок и своето тело ги вклучив во оваа психични многу захтевна дисциплина. Јас ќе дадам 200 отсто од себе, ќе биде потребно барем толку, за да ви се заблагодарам“, објави Карабатиќ.

Карабатиќ, родум од Ниш, во кариерата која ја почна во 2000 година, играше само за трри клуба пред да дојде во ПСЖ во 2015 година. Прво за Монпелје во два мандати и за германски Кил. За Франција има 335 настапи и 1.255 гола. Освои три европски титули во ЛШ има три олимписки злата, четири светски круни и три европски титули со „триколорите“. Има и три награди најдобар ракометар на годината.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…