САД воведуваат санкции за уште 13 физички и правни лица, кој помагале во присилната депортација на украински деца
САД соопштија дека воведуваат санкции за уште 13 физички и правни лица, меѓу кои се и тие кои се осомничени дека помагале во присилната депортација на украински деца.
Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд рече дека САД, исто така, ќе преземат чекори за воведување визна забрана за три лица, претставници на властите поставени од Москва во окупираните украински територии, поради нивната вмешаност во кршење на човековите права врз малолетници во Украина.
„Соединетите Американски Држави нема да стојат настрана додека Русија врши воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече американскиот амбасадор на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…