Рјабков: Соработката на Русија со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок
Воената соработка на Русија со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по извештајот дека Вашингтон побарал од Техеран да прекине да и продава дронови на Москва.
„Нема промени, а соработката со Иран ќе продолжи. Ние сме независни држави и не подлежиме на диктатот на САД и нивните сателити“, рече Рјабков, пренесе руската државна новинска агенција.
САД вршат притисок врз Иран да престане да продава беспилотни летала, кои Русија ги користи во војната во Украина.
Иран призна дека испратил беспилотни летала во Русија, но наведува дека тие биле испратени пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Во меѓувреме, иранското Министерство за одбрана соопшти дека ниту една од трансакциите на дронови со други земји, како Русија, не е откажана. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…