Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон
Како покровител на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Пендаровски денеска на целта ги пречека пливачите на 36-тиот маратон.
Во машка конкуренција годинава прв до целта стигна Алесио Окипинти од Италија. Патеката долга 25 километри ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон.
Каролин Жуис од Франција е победничка во женска конкуренција. Од Свети Наум до кејот на Охрид пливаше 5 часа, 5 минути и 59 секунди.
Истакнувајќи дека сите 15 учесници, придонесуваат за афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Пендаровски им упати честитки на пливачите за успешно завршената трка и им посака уште многу успешни пливачки предизвици.
Охридскиот маратон е во организација на Општина Охрид и националната пливачка федерација на Република Македонија. Маратонот и годинава започна од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, а заврши во центарот на Охрид. Пливачката патека „Климе Савин“ е долга 25 километри. Инаку, првиот официјален маратон во Охрид се одржал во 1962-та година на патеката Пештани – Струга – Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…