НАЈГОЛЕМ ЕГЗОДУС ОД 1920 година: Од почетокот на инвазијата врз Украина, Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани
Списанието „Економист“ објави проценка дека од почетокот на руската инвазија врз Украина досега Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.
Како објаснува списанието, првиот егзодус се случил на почетокот на војната, кога околу 300.000 Руси ја напуштиле земјата во првите неколку месеци од инвазијата врз Украина.
Вториот бран почнал во септември кога претседателот Путин најави „делумна мобилизација“ , а очајните млади момчиња „побрзаа“ на граничните премини за да го избегнат регрутирањето.
Тешко е да се утврди прецизната скала на емиграцијата предизвикана од војната, а Кремљ, што не е изненадување, не објавува податоци за тоа.
Според анализата на Економист, која се повикува на организацијата Мрежа за анализа и политика, проценките наведуваат дека од февруари 2022 година Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.
Ова е најголемиот поединечен егзодус предизвикан од политички пресврти од 1920 година досега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…