ЦУК: Воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково
Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи.
Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума.
Од ЦУК велат дека во овој момент нема потреба од интервенција на воздухоплови.
– Состојбата во текот на ноќта ќе ја следат скопските пожарникари. Утре наутро ќе одлучиме на кој начин ќе се пристапи за догаснување на овој пожар во атарот на село Смесница, Општина Зелениково, соопштуваат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tоварно возило прегази велешанка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…
Директорот на Историскиот музеј „Крушево“ поднесе оставка
Директорот на НУ Историски музеј „Крушево“, Миха…
Утре без вода делови од Маџари и…
Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…
Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик –…
Министерот за правда, Јетон Шасивари заедно со…
Рама го брани проектот поврзан со семејството…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…