Групата на Вагнер сега ќе претставува уште поголема опасност за Полска
Групата на Вагнер сега ќе претставува уште поголема опасност за Полска, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
„Групата на Вагнер е уште посилна од порано, или барем во иста мера ќе се користи како инструмент за провокација, уцена, напади како дел од дестабилизацијата на земјите кои граничат со Русија и Белорусија“, изјави тој за новинарите.
Политичарот не сакаше да одговори на прашањето дали смртта на Пригожин во авионската несреќа е случајна или не, пишува Комсомолска правда.
Приватен деловен авион „Ембраер“ се урна вчера во регионот Твер. Според руското Министерство за вонредни ситуации, во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Сојузната агенција за воздушен транспорт подоцна објави дека во авионот што се урнал биле Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин, објавувајќи список со имињата на сите патници во авионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…