ЕУ се проширува во 2030, вели Мишел
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел попладнево од Бледскиот стратешки форум порача дека до 2030 година Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување.
Ова, според Мишел, треба да биде еден од главните предизвици на Унијата. Следното проширување, вели тој, треба да се предвиди во новиот буџет на Европската комисија.
Мишел предлага да се воведе „confidence clause“ за земји што влегле да не блокираат земји кои сакаат да влезат.
Земјите аспиранти, според Мишел, треба да го почитуваат владеењето на правото, да се борат против корупцијата и криминалот и да ги спроведат реформите.
На панелот учествуваат премиерите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово), како и премиерите на Хрватска и Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страницата на партијата од Влен преименувана во…
Фејсбук страницата на партијата Алтернатива го смени…
Џеј Ди Венс: Не сме во војна…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева…
Иранскиот парламент гласаше за затворање на Ормутскиот…
Врховниот совет за национална безбедност на Иран…
Пластичен хирург утре ќе ги посети повредените…
Државата има намера да направи нов интерактивен…
Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…
Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…