Макрон: Францускиот амбасадор во Нигер останува во земјата и покрај барањето за заминување од воената хунта
Францускиот амбасадор во Нигер ќе остане во оваа земја и покрај притисокот од лидерите на неодамнешниот пуч, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во говорот пред дипломатите на кој ја изложи визијата за новата француска надворешна политика/
Макрон, исто така, ја повтори својата поддршка за соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, чија одлука да не поднесе оставка беше храбра, јавија британските медиуми.
Воена хунта ја презеде власта во Нигер со воениот пуч изведен на 26 јули. Таа на 4 август соопшти дека ги раскинала воените договори со Франција, нејзиниот поранешен колонијален владетел.
Хунтата ги смени амбасадорите на Нигер во САД, Франција, Того и Нигерија, кои беа назначени од соборената цивилна влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон под притисок од улицата: Најавува мерки…
Францускиот претседател Емануел Макрон најави владини мерки…
Дипломатска мисија во Техеран: Саудиска Арабија, Турција…
Високи претставници на Саудиска Арабија, Турција и…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
ЕВЕРЕСТ НА ВОДНО: Жарко и Емилија со…
Жарко Терзиевски и Емилија Лазареска го завршија…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…