Објавено на:

Новак со повик до Зеленски: Преговарај со Русија, не гледам воено решение што ќе доведе до мир

t

Унгарската претседателка Каталин Новак го повика својот украински колега Володомир Зеленски да преговара со руските агресори за завршување на војната, бидејќи, како што наведе, не гледа воено решение на прашањето.

Во интервју за унгарскиот весник „Индек“, Новак порача дека Будимпешта недвосмислено ја осудува руската агресија врз Украина и ја разбира желбата на украинските власти да ја заштитат земјата од напаѓачите.

-Војната во Украина трае веќе година и пол и не гледам никакво воено решение што би довело до стабилен мир на долг рок. Затоа треба да седнеме на преговарачка маса. Овој цврст став му го изразив на претседателот Зеленски и јавно и приватно, нагласи Новак и изјави дека Унгарија силно се залага за територијален интегритет и суверенитет на Украина.

„Му објаснив и на претседателот Зеленски зошто мирот е исклучително важен за нас. Европа и Унгарија се поблиску до војна отколку што многумина мислат. Ескалација може да се случи во секое време. Оваа војна не само што ги уништи животите на Украинците, туку, како што рече папата Франциск, внесе конфликт и во нашите домови“.

-Во интерес на унгарскиот народ е нашата земја да не биде зафатена од ова безмилосно уништување. Затоа сме цврсти поборници за мир, рече унгарската претседателка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон под притисок од улицата: Најавува мерки…

Францускиот претседател Емануел Макрон најави владини мерки…

Дипломатска мисија во Техеран: Саудиска Арабија, Турција…

Високи претставници на Саудиска Арабија, Турција и…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

ЕВЕРЕСТ НА ВОДНО: Жарко и Емилија со…

Жарко Терзиевски и Емилија Лазареска го завршија…

САД подготвени за голем напад врз Иран…

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…