Најсилен напад на Киев: Руски ракети и дронови удрија на украинската престолнина
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека во објект во Киев кој бил погоден од руски ракети, се пронајдени тела на две лица, додека уште едно лице е повредено. Како што неофицијално пишуваат украинските медиуми, станува збор за припадници на обезбедување на објект.
-Киев не доживеал толку моќен напад од пролетта. Непријателот изврши масивен, комбиниран напад користејќи беспилотни летала и ракети – изјави Сергеј Попко, шеф на градската воена администрација.
Тој додаде дека на почетокот на нападот, неколку групи дронови се упатиле кон Киев од различни правци. Русија потоа лансирала ракети од стратешки авиони Ту-95.
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, утринава го коментираше силниот руски напад врз Киев.
„Денешниот голем руски комбиниран напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Киев несомнено е однапред смислен напад врз цивилното население. Мотивите се одмазда за сѐ почестите несреќи во Руската Федерација, неуспесите на првата линија, етничката омраза и обид за психичко заплашување. Нема сомнеж дека напад од ваков вид се квалификува како акт на тероризам, кој однапред го смислиле и го извршиле групи на луѓе во претходен договор “ – напиша Подољак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…