Додик предлага БиХ да бара членство во БРИКС наместо во ЕУ
Претседателот на Република Српска Милорад Додик предложи Босна и Херцеговина да поднесе барање за членство во БРИКС, економската групација во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
„Европската Унија има алтернатива. Имајќи предвид дека од Брисел се поставуваат секогаш нови и нејасни услови за прием во Европската Унија, сметам дека БиХ треба да поднесе барање за членство во БРИКС“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Додаде дека верува дека БиХ побрзо би била примена во БРИКС отколку во ЕУ.
Додик најави дека во следните денови претставниците на институциите на РС ќе им испратат на органите на БиХ предлог да се разгледа таквата опција.
Влегување во БРИКС претходно побараа Иран, Саудиска Арабија, Аргентина, Алжир, Боливија, Египет, Индонезија, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…