Османи: Од медиумите дознав дека фирмата „Еуровиа“ е донатор на ДУИ и не бев среќен за тоа

t

Нема ништо незаконско поврзано со фирмата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи од 1,8 милиони евра за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во Скопје, тврди министерот Бујар Османи, објавѕва Канал 5.

Од медиумите дознал дека фирмата е донатор на ДУИ и не бил среќен за тоа, бидејќи знаел дека ќе има реакции во јавноста. МНР не одлучува, туку цените кои ги нудат фирмите, тие се рангираат, а најевтината понуда се прифаќа согласно закон, уверува Османи. Најави дека уште денеска ќе ја достават целата документација до надлежните со цел темата да се затвори и да не се фрла дамка врз најважниот настан на кој ќе присуствуваат 70 министри за надворешни работи и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

– Постапката е крајно транспарентна, министерството нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот. Ова е најважен настан во мојата кариера и никогаш не би дозволил да остави дамка. На службите им реков веднаш да ја пратат целата документација до Антикорупциска комисија и Обвинителството. Ја разбирам реакцијата и граѓаните имаат право да се сомневаат, но ве уверувам дека се е законски. Може да ме обвините за се, но за корупција не можете, ниту кога сум бил и доктор. Таа особина ја немам и посебно не за ваков важен настан. Знам дека е тешко за верување, но дознав дека фирмата е донатор од вас медиумите. Ги повикувам институциите да истражат се само да не се „брука државата“, изјави Османи.

По реакциите во јавноста, Антикорупциска вчера отвори предмет за овој случај. Претседателката Билјана Ивановска во изјава за Канал 5 вели дека постојат елементи за постапување бидејќи се работи за високи износи, но и ризици за политичка поврзаност. До овој момент се уште не ја побарале, ниту добиле потребната документација од МНР, вели Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…