Објавено на:

Кулеба ги подбра критичарите на украинската контраофанзива

t

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги нападна критичарите на контраофанзивата, велејќи дека тие плукаат во лицата на украинските војници и дека треба да „молчат“.

„Кога го критикувате бавниот напредок на контраофанзивата, тоа е како да им плукате во лице на украинските војници кои ги ризикуваат своите животи секој ден додека ослободуваат километар по километар украинска почва“, им рече Кулеба на новинарите за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Шпанија.

„Њујорк тајмс“ минатата недела цитираше некои западни претставници кои велат дека Украина бавно напредува бидејќи распоредила премногу војници на погрешни места.

„Би им препорачал на критичарите да замолчат, да дојдат во Украина и сами да се обидат да ослободат еден квадратен сантиметар“, рече Кулеба, а пренесува „Гардијан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…