Почнува школската година годинава првпат ќе има и пролетен распуст

t

За над 200 илјади основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17-ти наместо на 10 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024.

Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение и поради тоа се изработуваат нови учебници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера соопшти дека доцнење ќе има само на учебниците за шесто одделение кои се во фаза на одобрување и очекува да бидат испорачани во текот на септември.

-Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници. Потоа може да има жалбена постапка од одредени автори, но до крајот на септември тие ќе бидат доставени до сите ученици, рече Шаќири вчера на прес-конференцијата по повод новата учебна година.

Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за трето и шесто одделение, кои ги изработи Бирото за развој за образованието, наменети и за учениците и за наставниците, и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје изречени казни од над 80.000…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…

Русија со рекордни 2,75 милијарди долари од…

Вредноста на рускиот поморски извоз на сурова…

Eве што се ќе дадат Бугарите за…

Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија…

(Фото) Израел го третира како терористички напад?!…

Драматични тврдења за насилството во авионот на…

Мега-измама со социјална помош во Британија: Бугарката…

Бугарка која учествувала во најголемата измама со…