Запленети 15 илјади австралиски долари, откако македонски државјанин сакал да ги внесе во државава без да ги пријави

t

Запленети се 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин на влез во државава на граничниот премин Ќафасан кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи, информираат од Царинската управа.

Поради сомневање, царинските службеници пристапија кон личен претрес при што во рачната ташна му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари.
Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…

Во тешка работна несреќа што се случила…

Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…

Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…

ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…

Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…

Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…

Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…

Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…