Од денеска до 30 септември може да го продолжите правото на ученичка стипендија
Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека рокот за достава на документите за продолжување на ученичките стипендии трае од 1 до 30 септември.
– Се известуваат сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува од 01.09.2023 и трае до 30.09.2023 година, соопшти МОН.
Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2023/2024 година и последното свидителство.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk.
За било каква информација или прашање обратете се на електронската пошта [email protected]
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…