Габриел од бугарскиот Парламент: Дезинформација е дека ќе има нови услови за Македонија
Позицицијата на Бугарија кон Макеоднија е много јасна – да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел.
– Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет, рече Габриел во одговор на пратеничко прашање во бугарското Собрание.
На пратениците им порача дека Народното собрание на Бугарија може да продолжи да биде многу корисно, но не е во надлежност на ниту еден законодавно тело да се произнесува за вакви теми.
– Сакаме многу јасно да покажеме пред РМ дека само кога ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон, додаде Габриел
Прашана за предложена резолуција во американскиот Сенат, септември да се прогласи за месец на македонско-американското наследство во САД, таа рече дека МНР на Бугарија ќе направи се тоа да не се случи. Информира дека бугарското МНР уште од првиот момент кога дознало за поднесената резолуција презело активности, амбасадорот и генералниот конзул во Вашингтон веќе разговарале со тимот на сенаторот кој ја предложил резолуцијата. Габриел кажа дека дека процедурата во Сенатот е започната, но оти ќе направат се што е можно да не биде донесена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…