ЦУК: Вчера се изгаснати сите 22 пожари

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека сите 22 пожара на отворен простор вчера, (01.09.2023 година – петок), се изгаснати. Нема активни пожари од вчерашните.

Изгаснатите 22 пожара биле во:

  • Општина Шуто Оризари, с.Горно Оризари (каде што горела дива депонија);
  • Општина Сарај, Езеро Треска (депонија);
  • Општина Долнени, с.Кошино (стрништа и сува трева);
  • Општина Битола, три (3) пожари, с.Оптичари (стрниште и сува трева), с.Кукуречани и кај с.Лавци (сува трева);
  • Општина Крушево, два (2), с.Борино и с.Житоше (стрништа);
  • Општина Валандово, с.Марвинци (ѓубре и сува трева);
  • Општина Струга, пет (5), Вевчани и с.Долна Белица (стрниште), с.Велешта (сува трева и шупа); с.Долна Белица и с.Велешта (стрниште, сува трева, трње и ниски грмушки);
  • Општина Дебар, три (3), с.Шулан и с.Баништа (стрништа) и пат за с.Елевци (сува трева);
  • Општина Кичево, ул. „Ужичка“, (дива депонија);
  • Општина Куманово, с.Никуштак (депонија);
  • Општина Тетово, два (2), на ул. „146“ во Тетово и с.Нераште (сува трева) и во
  • Општина Кочани, кај с.Тркање, месност „Сина Птица“ (каде што гореле запалено стрниште, шест „рото“ бали за сточна храна и ниска вегетација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека…

„Откако минатата година изгоре речиси 10% од…

Над 2.000 повици на 112 во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…

Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…